Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен


Фото: Б. Грданоски

Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, 35 во Охрид и Претор, 34 во Берово, 31 во Крушево и во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 26 на Попова Шапка.  

До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во текот на ноќтa ќе преовладува ведро и претежно тивко време.

Времето утре ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Под влијание на топол бран од југ до сабота (26 јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули, информираат од УХМР.