Во Скопје утре ќе се прска против комарци


 Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци. 

На подрачјето на градот Скопје во раните утрински часови ќе се изврши авионската дезинсекција, додека во текот на денот ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.