Во Скопје отворена изложбата „Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“


Фото: Б. Грданоски

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 Јануари, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, синоќа,  беше отворена изложбата „Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“.

Фото: Б. Грданоски

Изложбата е во организација на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница, со цел да се прикаже единствената позната визуелна документација за пристигнувањето на транспортот на Евреите во Аушвиц-Биркенау.

На отворањето се обратија Горан Садикаријо, директор на ФХЕМ и амбасадорките на Израел, Симона Франкел и на Германија, Петра Дрекслер.