Во Скопје има 1.231 активен случај на Ковид-19, најмногу во Чаир


Фото: Б. Грданоски

Изминатите 24 часа во Скопје регистрирани се 35 позитивни на коронавирус со што вкупната бројка се искачи на 5.000, од кои 1.231 се активни.

Министерството за здравство информира дека денеска во Скопје оздравени се 103 лица, а тројца го загубија животот како последица на коронавирусот.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 164

• Аеродром – 139

• Бутел – 80

• Гази Баба – 121

• Центар – 101

• Карпош – 110

• Сарај – 54

• Кисела Вода – 129

• Ѓорче Петров – 88

• Студеничани – 42

• Шуто Оризари – 100

• Арачиново – 21

• Илинден – 22

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 8

• Сопиште – 20

• Зелениково- 6

• Странец – 4

• Нераспределен – 5