Во Сибир регистрирани рекордни 38 степени
Рускиот град Верхојанск во Сибир, познат по тоа дека има најекстремни температури во светот, забележа рекордни 38 степени, соопшти руската метеоролошка служба.
Градот се наоѓа во арктичкиот поларен круг, во Република Јакутија, на околу 4.660 километри североисточно од Москва.
Верхојанск, со околу 1.300 жители, го држи Гинисовиот рекорд како град со најголеми разлики во температурата, кои се движат и до 105 степени разлика.
Најниската регистрирана температура е минус 68 степени и највисоката досега беше 37,2.
Поголемиот дел од Сибир оваа година имаа невообичаено високи температури кои предизвикаа пожари на некои места.
We are in a relentless Arctic #heatwave – Siberia is literally on fire right now and it's set to continue.
Temperatures will comfortably exceed + 30 °C within the Arctic Circle over the next 10 days at least. It is a staggering + 20-25 °C warmer than it should be…
[THREAD] pic.twitter.com/J9opJLIaIw
— Scott Duncan (@ScottDuncanWX) June 19, 2020