Во Шведска рекордно висок број на заразени за 24 часа од Ковид-19
Во Шведска денеска се регистрирани 5.990 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, а 42 лица починаа.
Вкупниот број на смртни случаи во таа земја сега е 6.164.
Стапката на смртност е многу поголема отколку во другите нордиски земји, кои, за разлика од Шведска, воведоа ограничувачки мерки.