Во септември 2019 година издадени 214 одобренија за градење


Фото: Б. Грданоски

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2019 година се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2,3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 988 722 илјади денари, што е за 3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (57 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11.7 отсто) за објекти од нискоградба и 67 (31.3 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 214 објекти, на 140 (65.4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 (34.6 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 176 станови, со вкупна корисна површина од 20 383 м2.