Во САД, во март беа отворени 178.000 нови работни места, невработеноста се намали на 4,3 отсто
Американската економија создаде 178.000 нови работни места во март, што е далеку над пазарните очекувања и најмногу од декември 2024 година, додека стапката на невработеност малку се намали од февруарските 4,4 проценти на 4,3 проценти, според податоците објавени денес од Бирото за статистика на трудот (BLS).
Овој резултат претставува закрепнување по падот од 133.000 работни места во февруари, објавува Си-Ен-Би-Си.
Падот на невработеноста е делумно резултат на намалувањето на работната сила за речиси 400.000 луѓе, што укажува на сè уште слабата динамика на пазарот на трудот.