Во Русија првпат од почетокот на пандемијата над 500 смртни случаи во еден ден


Во Русија, во изминатите 24 часа починаа 507 лица од корона вирус, што е првпат од почетокот на пандемијата бројот на смртни случаи во еден ден да надмине 500.

Вкупно 37.538 лица починаа од почетокот на пандемијата, пренесува агенцијата ТАСС.

Во Русија, во изминатите 24 часа се потврдени 23.675 случаи на коронавирус, што е најмал број на новоинфицирани од 19 ноември. Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 2.162,503 случаи на корона вирус.

Во извештајот се посочува дека 25.748 лица оздравеле, а вкупниот број на излекувани пациенти е 1.660.419.