Во Ресен се одржа меѓународен Форум на населението на Преспа
Во Општина Ресен се одржа втора средба на Форумот на населението на Преспа, активност која е составен дел на проектот Пулс, финансиран од ЕУ во рамки на програмата CERV.
Домаќин на форумот беше градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски кој заедно со градоначалниците на општините Преспа од Грција и Пустец од Албанија, и во соработка со здруженија на граѓани од трите држави расправаа на повеќе теми.
-Главни теми на кои се дискутираше се климатските влијание врз водите и културите на Преспа и иновативни практики за отпорна агроекономија. Според наша процена, во моментов тоа се најактуелните и заеднички теми на кои треба да се фокусураме во наредниот период, посочија од секторот за односи со јавност на Општина Ресен.
Локалната самоуправа во наредниот период освен форуми посветени на екологијата, ќе организира и теренска акции за почиста животна средина.