Во регионот бензинот е најевтин во Црна Гора, а дизелот во Македонија
Во државите од регионот и некои земји од Европската унија, дизелот е најевтин во Северна Македонија, a најскап во Германија, додека бензините се продаваат по најниски цени во Црна Гора, a по највисоки цени во Грција, пишува порталот Нова.рс.
До петок литар дизел во Србија ќе чини 207 динари (1,76 евра), а бензинот 180 динари (1,53 евра).
До 16 август Хрватите за литар дизел ќе плаќаат 1,61 евра, а цената на бензинот е 1,50 евра за литар.
Во Босна и Херцеговина литар дизел чини 1,69 евра, а бензинот е нешто поскап, 1,59 евра.
Цените на двата нафтени деривати се поевтини во Црна Гора во однос на Србија. Во таа земја литар дизел чини 1,55 евра, а бензинот 1,45 евра.
Во Северна Македонија литар дизел е значително поевтин отколку во Србија. Така чини 1,46 евра, а кај бензините слична е неговата просечна цена и изнесува 1,45 евра.
Според податоците на официјалната веб-страница на Европската комисија, просечната цена на дизелот во Словенија е 1,74 евра за литар. Во споредба со Србија, поевтин е и бензинот чија цена е 1,63 евра.
Дизелот во Бугарија се продава по цена од 1,69 евра за литар. Во споредба со Србија, бензинот е поскап и чини 1,61 евра за литар.
Грците за литар дизел во просек плаќаат 1,84 евра, а за бензин 2,08 евра.
Сепак, цените на горивата во Грција драстично варираат од пумпа до пумпа, а според порталот Троматико тие „паѓаат секој ден“. Така, најниската цена на дизелот во моментов изнесува 1,67 евра, а бензинот 1,86 евра за литар.
Цените на нафтените деривати во Романија се повисоки и изнесуваат 1,84 евра за дизелот и 1,65 евра за бензинот.
Во другите земји од Европа, со повисок животен стандард, горивото е исто така поскапо.
На пример, во Франција литар дизел чини 1,84 евра, додека бензинот во просек чини 1,83 евра.
Слични се цените и во Италија каде што возачите за литар дизел плаќаат 1,81 евра, а за бензин 1,83 евра.
Во Австрија горивото е уште поскапо, а дизелот на пумпите се продава по просечна цена од 1,86 евра, додека бензинот чини 1,85 евра за литар.
Во Германија возачите купуваат литар дизел по просечна цена од 1,90 евра за литар. Бензинот е значително поевтин и литар од овој нафтен дериват чини 1,76 евра, објави веб-Нова.рс.