Кај Тркање загина пешак, во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани


AMСМ известува за прекин на сообраќај: Од 8 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на с.Тркање, сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.

Истиот се пренасочува по експресниот пат.

 Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.

Од СВР Штип во изјава за МИА информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи. 

Повеќе детали околу несреќата се најавуваат во текот на денешниот ден.