Во понеделник бесплатен паркинг на паркиралиштата на ПОЦ

По повод претстојниот државен празник Рамазан Бајрам, од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ известуваат дека на 31.03.2025 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ова претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Од ова исклучок е паркиралиштето „Дилајла“ кое е со автоматска наплата.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 01.04.2025 година (вторник) со вообичаено работно време.