Во петок најдолго помрачување на Месечината во последните 580 години


Најдолгото помрачување на Месечината во последните 580 години ќе се случи во петок во утрнските часови, на 19 ноевмри, и ќе трае неколку часа.

Врвот на делумното залмрачување ќе се случи рано наутро клога 97 отсто од Месечината ќе биде во сенка на Земјата/

Претходно, најдолгото помрачување на Месечината се случи во 2018 година и траеше помалку од два часа.

Помрачувањето беше видливо од сите 50 американски држави, Канада и мексико, како и од делови на Јужна Америка, Полинезија, Австралија и Кина, соопшти НАСА.

Месечината ќе биде на најдалечната точка од Земјата во текот на помрачувањето, успорувајќи ја својата орбита и продолжувајќи го времето потребно да излезе од најтемниот дел на сенката на Земјата, позната како умбра, затоа што Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат порамнети.

Опсерваторијата „Холкомб“ објави видеоснимка со детали како же изгледа помрачувањето.

Настанот ќе почне нешто по полноќ и за разлика од помрачувањето на Сонцето, на никого нема да му бидат потребни очила за да го видат овој феномен.

Кога ќе дојде до помрачување, Месечината ќе има црвенкаст сјај, а ќе биде видлив само дел од вистинската Месечина. Ќе трае неколку часа, што го прави еден од најдолгите вакци настани во последните 580 години. Следното помрачување ќе се случи дури во мај 2022 година.