Во петок и сабота ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 12 и на 13.07.2024 година (петок и сабота)  во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци. 
 
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
 
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.