Во Париз 100.000 полицајци ќе ги растураат новогодишните забави

Франција ќе мобилизира 100.000 полицајци и жандарми за да ги растераат забавите за време на новогодишната ноќ и да спроведе полициски час воведен во борбата против вирусот корона.
Планот е да се спречат немирите за време на кои беа запалени бројни автомобили претходните години.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди видливо присуство на полицијата во центарот и предградијата од 20 часот кога започнува полицискиот час.
Во текот на вечерта, половина од линиите на метрото ќе бидат затворени, пренесува Би-Би-Си.