Во Охрид се отвора бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“
Опозициските партии повикаа на масовен протест денес, а осуди стигнаа и од Еврејската заедница во Македонија од каде велат дека ова за нив преставува акт на повампирување на ликови од фашистичкиот период на Бугарија.
Вчера МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавите за денешното отворање на новото бугарско здружение.
„Северна Македонија, како демократска земја во која слободите и правата на човекот и граѓанинот се издигнати на ниво на темелна вредност на Уставот и државноста, ќе продолжи да го заштитува правото на сите граѓани и заедници да го изразуваат, негуваат и развиваат својот етнички, културен, јазичен и верски идентитет“, наведоа од МНР. Министерството ги замоли сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите.
Од партијата Левица, кои се иницијатори на протестот, поднесоа и иницијатива во Јавното обвинителство за забрана на здружението.