Во Охрид 500 луѓе трчаа на хуманитарна трка за Кочани

Околу петстотини ученици од охридските средношколски центри денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани.
Трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” во должина од три километри долж Кејот на Охридското Езеро се одржа во организација на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, во соработка со општинското Јавно претпријатие „Билјанини извори”.
Долж трасата каде се трчаше беа поставени кутии во кои учесниците и сите хумани граѓани ќе можат да донираат средства. Организаторите на настанот ушатија отворен повик до граѓаните на Охрид да даруваат и на дело да ја покажат својата хуманост.