Во новата епизода на „Саут Парк“ Сатаната е бремен со дете од Трамп

Во новата епизода од 27. сезона на анимираната серија „Саут Парк“ насловена како „Вок е мртов“, серијата кулминира со откритие дека Сатаната е бремен со дете на претседателот Доналд Трамп.
Епизодата ја продолжува долгогодишната практика на креаторите на „Саут Парк“, Треј Паркер и Мет Стоун, да ја сатиризираат актуелната политика и култура со ставање на политички фигури – тука, претседателот Доналд Трамп – во апсурдни, претерани сценарија што поттикнуваат дискусија за медиумите, политиката и јавниот дискурс.
Пред 27. сезона, чија премиера бешеа 23 јули 2025 година, „Саут Парк“ беше на пауза речиси две и пол години. Новите епизоди доаѓаат откако креаторите на серијата, Треј Паркер и Мет Стоун, постигнаа договор за стриминг од 1,5 милијарди долари со „Парамаунт“.
Во „Вок е мртов“, децата во основното училиште во Саут Парк се борат за колекционерски кукли „Лабубу“. Среде хаосот, ритуалот што ги вклучува куклите повикува демонски сили, што доведува до надреално појавување на претседателот Доналд Трамп заедно со бремениот Сатана.
Епизодата ја поврзува лудоста со Лабубу со зголемувањето на цените предизвикани од царинската политика, прикажувајќи ги скоковите на трошоците како заплет што влијае на децата и семејствата во приказната.
„Заедно сме, заедно сме со месеци“, рече Сатана во епизодата. „И сакам да го оставам, но не можам. Бидејќи сум бремен“.
Потоа на екранот се прикажува Исус Христос како изгледа шокирано додека држи позитивен тест за бременост.
„Значи, сега сите знаете“, додаде Сатаната. „Приморан сум да останам во оваа ситуација уште неколку години“.
Нападот кон Трамп е најновиот во низата напади насочени кон претседателот на САД. За време на премиерната епизода на 23 јули насловена како „Проповед на планината“, „Саут Парк“ го прикажа 79-годишникот како лежи во кревет со Сатаната и инсинуираше дека сака да има секс со него.