Во Новаци јавна расправа за експлоатација на јаглен за РЕК Битола од наоѓалиштето во Живојно


Ископување на јаглен во РЕК „Битола“ (Фото: Ројтерс)

– Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Општина Новаци ќе одржи јавна расправа за  Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија кое е во функција на РЕК Битола.

Јавната расправа се организира по доставување на студијата, на барање на инвеститорот АД „ Електрани на Северна Македонија“, со цел да се оцени влијанието врз животната средина.