Во недела се жени градоначалникот Саша Богдановиќ – свадбата во Косово


За овој викенд е закажана венчавката на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и неговата избраничка Јелена Брауновиќ, која е инаку наставничка во ОУ „Киро Глигоров“. Среќниот пар е во врска неколку месеци, а венчавката нема да биде во Македонија, туку во Косово бидејќи таму се запознале.

Она што е најинтересно е дека тие се запознале на Косово па и затоа сакаат местото на венчавање да е во близина, па затоа го одбрале манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница.

Тој исто така изјави дека во недела ќе биде само венчавањето со најблиските, кумовите и старосватовите, а потоа ќе заминат на ручек, додека свадбената церемонија ја оставија за некои подобри времиња во Скопје.

Богдановиќ ја потврди оваа вест, а неговата изјава можете да ја прочитате на ММС.МК