(ВИДЕО) Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји


Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, на која учествуваа 23 земји. На натпреварот насловен Интервизија, победи пејачот Дук Фук од Виетнам.

Виетнамецот победи со 422 освоени гласови пред претставниците на Киргистан и Катар. Иако беше најавен, вчера американскиот претставник се повлече во последен момент поради, како што посочија организаторите, политички притисок.

Интервизија, која во неколку наврати се одржуваше до 1980 беше возобновена годинава со претседателски указ на Владимир Путин, три години откако Русија беше исфрлена од Евровизија поради војната во Украина.

На годинешното издание, учествуваа и Кина, Индија, Бразил, Белорусија, Куба, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Венецуела, Узбекистан, Виетнам и Мадагаскар.Србија исто така имаше учесник кој освои дури 14 место. 

Следната година Интервизија ќе се одржи во Саудиска Арабија.