Во Мекиско убиена новинарка, била под полициска заштита


 

Новинарката Лордес Малдонадо убиена е вчера во градот Тихуана, објави владата на сојузната мексиканска држава Баха Калифорнија, само една недела по убиството на фоторепортерот Маргарито Мартинез.

Малдонадо е убиена со куршум од огнено оружје во својот автомобил паркиран пред куќата во која живеела, во близина на тихуана, објави канцеларијата на државниот обвинител на Баха Калифорнија, сојузна држава на граница со САД.

Се плашела за сопствениот живот

Упатен извор рече дека Малдонадо била во програмата за заштита на новинари, која вклучува и полициски надзор на нејзиниот дом. Убиената новинарка во 2019 година бараше помош и правда во работен спор од претседателот Андрес Мануел Мопез Обрадор.

„Се плашам за својот живот“, рече тогаш.

Со години водеше судски спор околу правата на работа со некогашниот гувернер на Баха Калифорнија, Жаим Бонила, од партијата на Обрадот Морена, кој минатата година си замина од должнсота. Новинарката неодамна објави дека го добила спорот против медиумската куќа „Бонила“.

Само оваа година во Мексико се убиени тројца новинари

Пред една недела надлежните известија дека убиен е 49-годишниот фоторепортер Мартиенз кој е убиен со огнено оружје пред својот дом.

Само оваа годиа во Мексико убиени се повеќе од тројца новинари. Од 2000 до 2021 година убиени се 145 новинари, вклучително седум минатата година, покажуваат податоците на здружението за заштита на човековите права Артикл 19.