Во Македонија има 3.934 млади штркчиња и 1.765 гнезда на штркови


Во Македонија има 1.765 гнезда на штркови со 3.934 изведени штркчиња, преброи Македонското еколошко друштво.
 
Како што информираа денеска, заврши пописот на штркови!
 
Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година.
 
При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1.765 гнезда на штркови (1.388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда – односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица).
 
Вкупниот број на изведени штркчиња е 3.934.
 

Во споредба со пописот од 2015 година, во Македонија има зголемување на популацијата на штркови за 60 отсто, при што бројот на активни гнезда пораснал од 837 на 1.388. Исто така, годинава се извеле 49 отсто повеќе млади споредено со 2014 година (1.964).

Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија со 541 и Овче Поле со 326. Во Пелагонија има и најголем број млади – 1.170, следено од Овче Поле и Кочанско Поле со 707. Трите села во најмногу гнезда на штркови се Стојаково со 53, Богородица со 45 и Росоман со 41.

Податоците за дистрибуцијата на гнездата и бројот на млади се достапни на www.ptici.mk.