Во Косово досега 15.000 заболени, 63 во последните ден


 

Бројот на заразени со корона вирус во Косово достигна бројка од 15.000.

Во последните 24 часа, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на приштинскиот Институт за јавно здравје, и во приватни лаборатории, тестирани се 634 примероци, од кои 63 биле позитивни на Ковид-19, пренесе Косово онјалн.

Досега забележани се вкупно 15.002 случаи заразени со корона вирус, а 614 починаа.

Претходниот ден излекувани беа 126 пациенти, а вкупно излечени се 12.451, а активни се уште 1.937.