Во Кисела Вода се жалат дека улиците се поправаат премногу долго


 

Неколку улици во општина Кисела Вода во Скопје се реконструираат, но тоа трае веќе неколку месеци па граѓаните се жалат дека одолговлекувањето ги чини премногу. „Сметките за поправка на раскостените автомобили и искинати гуми ќе ѝ ги препратиме на општина Кисела Вода“, пренесува „24 инфо“ реакции на граѓани.

Кракот од улицата „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ откако пред еден месец беа изгребаниза поставување нов асфалт се заборавени. Нема ниту машини, ниту работници на терен работата да се заврши“.

Општината Кисела Вода, под чија надлежност се овие сервисни делови од улиците, им вети на граѓаните дека ќе им го санира оштетениот коловоз, но им отвори и остави со денови поголем проблем. Сега тие се тешки за возење.

Малку поблизу кон централното градско подрачје на дел од улицата „Димо Хаџи Димов“ кој е под капата на Градот Скопје со месеци сообраќајот е во прекин. Граѓаните останаа и без јавен автобуски превоз. Истиот има нова траса, па се принудени да пешачат на другиот крај од населбата ако имаат потреба да користат јавен превоз кој и онака во Скопје последниве денови е во хаотична состојба.