Во Кина најголем дневен пораст на заразени со корона вирус по повеќе од 20 месеци

Кина забележа најголем дневен пораст на случаи со Ковид-19 во 21 месец, откако бројот на заразени двојно се зголеми во северозападниот град Џиан, најново жариште на болеста.
Градот со 13 милиони жители, кој влезе во четвртиот ден од локадаунот, во саботата откри 155 локално пренесени инфекии со потврдени симптоми, што е 75 повеќе од претходниот ден.
Дневниот број заразени во земјата порасна на 158, што е најголема бројкаоткако Кина успеа целосно да ја контролира заразата на почетокот на 2020 година.
Џиан, со 485 локални симптоматски случаи забележани од 9 до 25 декември, воведе строги мерки за сузбивање на ширењето на заразата, во согласност со политиката на Пекинг дека секој мора да го сузбие ширењето што поскоро.
Граѓаните не смеат да го напуштат градот без дозвола од работодавците или локалните власти, а спроведени се повеќе кругови на тестирање за да се идентификуваат случаите.
Објавија дека нема заразени со омикрон сојот, иако кинеските власти јавија за неколку случаи со овој сој кај меѓународни патници во јужна Кина.
Со увезените случаи на 25 декември Кина потврди 206 новозаболени, што е 140 повеќе од претхордниот ден.
Не е забележан ни еден смртен случај, па бројот починати поради Ковид-19 останува 4.636. Копнена Кина до вчера имаше 101.077 потврдени случаи со Ковид-19.