Во јануари раст на просечната каматна стапка кај вкупните депозити и пад кај кредитите


Просечната каматна стапка на вкупните депозити во јануари изнесувала 2,18 проценти и бележи годишен раст од 0,46 процентни поени. Кај вкупните кредити се бележи годишен пад од 0,34 процентни поени. Тие во јануари изнесувале 5,21 процент. 

Според податоците на Народната банка, кај новоодобрените кредити во јануари е забележан месечен раст од 0,28 процентни поени и годишен пад од 0,52 процентни поени, а кај новопримените депозити е намалена за 0,30 процентни поени на месечно ниво, додека на годишно ниво има зголемување од 0,26 процентни поени.