Во Израел разговори меѓу Нетанјаху и Ганц за коалиција


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен ривал, Бени Ганц вчера почнаа нова рунда разговори за формирање Влада и за да избегнат трети парламентарни избори за помалку од една година, што е настан беа преседан.

Израел е парализиран од политички ќор-сокак по изборите минатиот месец после кои ниту Ликуд на Нетанјаху, ниту ривалската партија на Ганц Сино-Бело не освоија мнозинство од 61 место во Парламентот.

Поранешниот генерал Ганц се сретна со Нетанјаху во Тел Авив за да разговараат за потенцијален договор за поделба на власта, а партијата на Ганц соопшти дека е постигнат договор за втора средба.

Пред разговорите, Нетанјаху се заложи за „широка влада на национално единство“ за да се соочи со безбедносните предизвици во целиот регион.

– Ова не е политичко прашање, туку национално и безбедносно прашање од највисок ред, рече Нетанјаху.

Со оглед на тоа што Сино-белите имаат 33 места во Парламентот а Ликуд 32, двете партии би имале доволна поддршка ако одлучат заедно да формираат влада. Иако и двајцата кандидати ја поддржуваат идејата за договор за коалиција, не се согласуваат околу тоа кој треба да ја води.

Ова е првпат после повеќе од 10 години на некој кандидат освен Нетанјаху да му се даде можност да формира влада.