Во Италија работната сила старее, речиси 10 милиони имаат над 50 години

Работната сила во Италија старее и сега има речиси 10 милиони работници на возраст над 50 години, објави италијанскиот завод за статистика, Истат.
Во соопштението се наведува дека во јануари годинава во Италија имало 7,47 милиони работници помлади од 35 години.
Италија има најстаро население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, објави Евростат.