Во Италија повеќе од 28.000 новозаразнеи, починаа 562 пациенти
Во италија во последните 24 часа регистрирани се 28.337 нови случаи на заразени со корона вирус, а починаа 562 лица.
Изминатиот ден беа тестирани 188.747 луѓе, пренесе Ројтерс.
На дневно ниво расте бројот на починати, а се зголемува и бројот на оние кои завршуваат во болница, особено на оние на кои им треба интензивна нега.
Во болница во моментот се лекуваат повеќе од 34.000 луше, а на интензивна нега има 3.801 пациент.
Од почетокот на пандемијата во италија починаа речиси 49.000 пациенти заразени со ковид-19, а од корона вирус заразени се 1,4 милиони луѓе.