Во Италија подобро, но не и добро со Ковид-19


Сите бројки кои ја покажуваат епидемиолошката состојба во Италија се во опаѓање, но властите сепак предупредуваат дека не смеат да се намалат превентивните мерки.

Според зборовите на претседателот на Високиот институт за здравство Силвио Брусаферо, состојбата со корона вирусот е на половина, јави АНСА.

„Тоа значи дека сопрено е експоненцијалното ширење на вирусот, но тој и понатаму е околу нас, еднакво опасен и затоа сите анти-ковид мерки остануваат на сила“, вели Брусаферо.

И понатаму има многу починати, во последните 24 часа 686 пациенти починаа од заразата со корона вирусот, соопшти министерството за здравство.

Според новото соопштение, просечната старот на починатите е 80 години, а на инфицираните 48.

Во Италија и понатаму се воиди дебата вп медиумите, на социјалните мрежи и по пат на официјални соопштенија за тоа како ќе може да се одбележат претстојните празници Божик и Нова година.

Анса ги пренесува зборовите на медицинската сестра од Кремона Елена Паљерини.

Нејзината фотографија е снимена кога преморена од работа во болницата со ковид пациенти, заспала на тастатурата од компјутерот, и стана симбол на борбата против пандемијата, а за својата работа е одликувана со медал на претседателот на Италија.

„И јас имам семејство, би сакала со нив да ги поминам празниците. Но нема да го направам тоа. Овој Божик ќе го поминам помагајќи им на заоблените од корона вирус“, вели Елена.