Во Италија носењето маски надвор стана задолжително, во Холандија рекордни 5.000 заразени
Италија донесе одлука за задолжително носење маски за лице на отворено на национално ниво, во обид да се намали зголемената инфекција со Ковид-19.
Италија во последните два месеци бележи постојан пораст на новите случаи, иако нејзините бројки се уште се многу пониски од оние забележани во другите големи европски земји како Франција, Шпанија и Велика Британија.
Владата исто така одобри декрет за продолжување на вонредната состојба Ковид-19 до 31 јануари.
Во Холандија новите инфекции со корона вирус достигнаа рекордно високо ниво од речиси 5.000 за 24 часа, покажаа податоците објавени од здравствените власти. Официјални лица предупредија дека ќе бидат потребни построги ограничувања доколку стапката на инфекција и прием во болница продолжи да расте со толку брзо темпо.