Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД


Екипи на турската полиција за борба против тероризмот во Истанбул уапсија 19 странски државјани, за кои е утврдено дека вршеле активности во корист на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и подготвувале напад.

Акцијата е спроведена истовремено на 16 адреси во девет области на Истанбул.

Првичната истрага покажува дека уапсените лица подолго време престојувале во зоните на конфликт во Ирак и Сирија, по што илегално преминале во Турција и пристигнале во Истанбул.

При извршените претреси во домовите на осомничените биле одземени документи на терористичката организација и дигитални материјали.