Во Хрватска воведуваат субвенции за наем на станови – што мислите дека ќе се случи?


Вчера, несофицијално, во Хрватска информаираа дека владата ќе субвенционира наем на станови. Закупот на станови последните години, значително поскапе, посебно во градовите. Владата, како што објави „Ер-те-ел данас“, на ова ќе одговори со субвенционирање на наемнината, како што досега се субвенционираше купувањето стан.

Давор Наџи од партијата Фокус, смета дека на тој начин ќе дојде до пораст на наемот, како што скокнаа цените на становите откако беше воведена субвенцијата – АПН.

„АПН со субвенционирање на станбените кредити ги подигна цените на становите. Што мислите дека ќе се случи кога ќе се воведе субвенција на наемот на становите? Субвенцијата најчесто е многу неефикасен алат за решавање на какви и да се проблеми, а неретко е дури и контрапродуктивна, односно проблемот го прават уште поголем“, пишува Наџи.

„Јасен пример на тоа е растот на цената за квадрат кај становите откако беше воведена субвенција за купување недвижности. Повисока цена поради субвенции, освен што главно се преточува кај продавачот на станот, ги крева цените и на сите оние кои купуваат без субвенција, а во време кога на субвенции нема продавачи кои се склони да ја спуштат цената затоа што чекаатследен круг субвенционирање“, пишува Наџи.

„Сега предизборно ќе се воведе субвенција на наемот која ќе ги подигне цените, а и цените за квадрат затоа што тоа е поврзано“, додава тој.

Ако целта е на луѓето да им се направи достапно домувањето, тоа се постигнува на следните начини:
1. Со зголемување на понудата на станови
2. Со зголемување на куповната моќ на граѓаните

Зголемувањето на понудата пак, се постигнува со:

– помали даноци на купување на земјиштето, како и на работната рака и материјалот потребен за градба
– помали комуналии при градба на недвижности
– просторни планови кои поттикнуваат изградба на станови (пр. дозволени се повеќе катови)

Зголемувањето на куповната моќ на граѓаните се постигнува со:
– помали даноци и придонеси на плата
– подоба деловна клима во државата која потоагенерира поголем број платени работни места“, предлага Наџи.

„На тој начин единечниот трошок за изградба на становите е понизок поради што се исплаќа да се градата повеќе станови што има за резултат поголема понуда (поголема конкуренција сама ги руши цените), а луѓето имаат повисоки плати што значи дека цените на становите стануваат подостапни во однос на платите3, заклучува Наџи.