Во Хрватска уште 39 жртви на корона вирус, новозаразени се 1.617


 

Во последните 24 часа забележани се 1.617 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 13.241. Меѓу нив 1.870 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор 182 пациенти.

Починаа 39 лица.

Од почетокот на епидемијата до денеска забележани се 292.516 лица заразени со корона вирус, а починаа 6.308. Оздравеа 272.967 лица.

До денеска тестирани се 1.639.110 лица, од кои 9.307 во последните 24 часа.

ДО 10 априм вакцинирани се 473.522 лица.

Во Приморско-горанската жупанија од понеделник следва затоврање, а строги мерки се воведуваат во Загребската и Осиечко-барањската жупанија. Промени има и во Добровничко-неретванската жупанија.