Во Хрватска уште 31 жртва на Ковид-19


Во Хрватска, во последните 24 часа забележани се 1.126 нови случаи на зараза со корона вирус, а 31 лице починаа од последиците од болеста, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни денеска во хрватска изнесува 22.884. Од нив 1.496 пациенти се лекуваат во болница, а 183 се на респиратор.

Во самоизолација има 29.240 лица.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска се забележани 471.474 заразени, од кои 9.251 починаа. Вкупно се опоравија 439.339 лица, од кои 3.349 во последните 24 часа.

До денеска тестирани се 3.110.312 лица, од кои 3.567 во последните 24 часа.

До 31 октомври вакцинирани се 47,11 отсто од вкупното население, или 56,42 отсто од возрасните.