Во Хрватска регистрирани нови 190 заболени


 

Во Хрватска во последните 24 часа потврдени се 190 новозаразени со Ковид-19, а во моментот активни се 1.316 случаи.

Во болница се лекуваат 280 пациенти, а на респиратор се 23 лица.

Починаа тројца пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска потврдени се вкупно 16.197 случаи со корона вирус, од кои 272 починаа, 14.609 оздравеа, од кои 204 во последното деноночиое, пренесе Индекс.

До денеска во Хрватска се тестирани 292.969 лица, од кои 3.945 во последните 24 часа.