Во Хрватска повредени двајца полицајци, напаѓачите во бегство


Двајца полицајци во Загреб се повредени и пренесени во болница откако биле нападнати кога се обиделе да легитимираат лице со големо полициско досие, со намера да го приведат.

Веднаш биле опколени од неколку мажи, кои прво вербално, а потоа и физички ги нападнале полицајците. Еден полицаец се одвоил и пукал во воздух за да ги исплаши напаѓачите, јави порталот Индекс.

Полициските службеници биле пренесени во болница поради добиените повреди, и засега не е позната нивната здравствена состојба.

На местото на настанот има 10 полициски возила, а полицијата ја огради улицата каде се случи инцидентот, како и соседната улица. Предмалку, стасаа и припадници на интервентната полиција, кои носат панцири и шлемови.