Во Хрватска починаа уште 41 пациент од Ковид-19, стравуваат дека по Нова година ќе биде полошо
Хрватска повторно забележа голем број новозаболени со корона вирус. Денеска има 4.573, додека 41 пациент починаа. Стручњаците стравуваат до нов бран по Нова година.
Во криза е целиот здравствен систем, а поединци предупредуваат дека тој систем се распаѓа.
„Пред големи предизвици сме, имаме 132 хоспитализирани, од кои 32 на респиратор. Ќе се одлучува како понатаму. Никогаш не сме биле во ваква ситуација. Оние кои не се на респиратор имаат тежок облик на болеста и потребен им е кислород“, вели за хрватските медиуми директорот на КБЦ Сплит, Јулие Мештровиќ.
Исто така, Звонимир Шостар од Националниот завод за јавно здравство на Хрватска, предупредува дека малиот број вакцинирани ќе влијае на зголемување на бројто новозаболени.
„За жал, верувам дека соо оглед на целата ситуација, дека имаме многу ниски бројки на вакцинирани, по Нова година нѐ очекува уште еден бран, затоа што антиваксерите се многу силни. Се плашам дека кога ова малку ќе стивне, до 1 јануари ќе имаме 10.000 мртви. Еден сериозен град умира, а и така сме малку“, вели тој.