Во Хрватска од Ковид-19 починаа 70 пациенти, новозаразени се 4.084

 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 4.084 нови случаи со зараза од корона вирус, а активни се 24.495.

Меѓу нив 2.514 пациенти се во болница, а 259 на респиратор.

Починаа уште 70 пациенти, со што вкупната бројка се искачи на 2.102.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска се регистрирани 147.454 заразени, а оздравеа 120.857.

Тестирани се вкупно 801.545, а 10.662 во последните 24 часа.