Во Хрватска 72 починаа од Ковид-19, заразени уште 2.899
Денеска во Хрватска има помалку од 2.900 нови случаи со корона вирус, а направени се повеќе од 9.300 тестирања. Сепак, починале висок број пациенти со Ковид-19, 72.
Поточно, како што објави Штабот има точно 2.899 новозаразени, а активни се 23.740. Меѓу нив 2.543 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 264 пациенти.
Починаа 72 пациенти.
Од почетокот на пандемијата забележани се 150.353 заразени, а починаа купно 2.174. Оздравеа 124.439, од кои 3.582 во последните 24 часа.
До денеска тестирани се 810.885 лица, од кои 9.340 во последните 24 часа.