Во Хрватска 38 починати и 1.529 заразени од коронавирус за еден ден


Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 38 починати пациенти од последиците од корона вирусот и 1.529 новозаразени, соопшти денеска Националната служба за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи е вкупно 14.942, од кои 1.451 пациент се во болница, од кои 142 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска, починале 832 пациенти, вкупно се излекувале 53.002 лица, од кои 2.227 во последните 24 часа.

Во моментов има 28.122 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 564.686 лица, од кои 5.670 во последните 24 часа.