Во Хонконг пронајден украден златен часовник што му припаѓал на Тито


Трговијата со уметнички дела на црниот пазар е највносен бизнис, веднаш по трговијата со наркотици и оружје, а досега се најдени неколку украдени предмети од српските музеи.

Меѓу најважните кои се најдени се златен часовник што му припаѓал на Јосип Броз Тито, а украден бил пред повеќе од 10 години од Музејот на Југославија при изложба на часовници што му припаѓале на поранешниот кугословенски претседател.

Ова за Пвра ТВ го потврди министерката за култура и информирање Маја Гојковиќ, која вели дека часовникот бил пронајден во Хонконг при обид за продажба на аукција, како и дека во моментот се бара начин од Кина да се врати во музејот.

Најактуелно е исчезнатото богатство од Музејот на применета уметност од 2019 година, кога биле украдени накит и чанта од крајот на 19 почетокот на 20 век. Неодамна успеале да најдат украден бодеж, а против сторителот се води судска постапка.

Таа наведе и пример за украдена слика од пред 20 години украдена во Музејот на Војводина, а сега е пронајдена во Цирих. Гојковиќ вели дека за таа слика се барани 500.000 евра.