Во Грција регистрирани 2.152 нови случаи и 87 починати од Ковид-19


Во изминатите 24 часа, во Грција се регистрирани 2.152 новозаразени  и 87 смртни случаи од Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 97.288 лицаа од почетокот на епидемијата починаа вкупно 1.902 лица.

Во грчките болници, приклучени на апарати се 597 пациенти, 35 повеќе од вчера.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната прес конференција рече дека од здравствениот систем е под притисок, но издржува.