Во Грција починаа 99 луѓе од Ковид-19, а има 2.018 новозаразени


Во изминатите 24 часа од коронавирусот во Грција починаа 99 лица, додека пак регистрирани се 2.018 нови случаи, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје.

Од новозаразените 562 се во Солун, 408 во Атика (поширокиот регион на Атина), 115 во Лариса, а останатите во 44 различни региони во Грција.

Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 608 пациенти, 11 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 99.306 позитивни лица на Ковид-19 и 2.001 смртен случај.