Во градинката „Орце Николов“ ќе има нови четири занимални
Во почетна фаза се градежните активности за доградба на градинката „Орце Николов“ во Општина Карпош, за дополнителни четири занимални, во кои ќе бидат сместени деца од четири до шест годишна возраст. Предвидено е да има дополнително сто деца, со што капацитетот на градинката од 180, ќе се зголеми на 280 деца.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која денеска изврши увид во градежните работи, изјави дека овој проект е инвестиција на Министерството со поддршка на Светска банка за подобрување на социјалните услуги.
-Имајќи ја во предвид потребата заради присуство на родителите на пазарот на трудот, а согласно протоколите кои што ги наметна пандемијата со КОВИД-19, се јави потребата за проширување на градинката „Орце Николов“, рече Шахпаска.
Таа напомена дека истовремено е извршен увид и внатре во градинката за да видат во какви услови растат најмалите, при што, како што посочи, протоколите доследно се почитуваат.
-Бевме присутни и на дел од едукацијата и воспитувањето на децата од возрасната група,четири годишни деца и можам да го изразам задоволството дека оваа, како и останатите градинки во државата, има доследно почитување на протоколите, додаде министерката.
Таа се надева дека соработката на Министерството за труд и социјална политика заедно со локалната самоуправа за ваков вид на проекти ќе продолжи и со идниот градоначалник, бидејќи како што рече, само на тој начин можат да постигнат одлични резултати.
-Грижата за најмладите останува високо на агендата на Министерството, и продолжукмае и понатаму со отворање на градинки. До крајот на мандатот, до 2024 година, работиме на отворање на тоа да дополнитлени 7.500 деца бидат смесетени во градинките, најави Шахпаска.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев напомена дека станува збор за трет нов објект во четиригодишен мандат на територијата на Карпош, имајќи предвид деека претходно се изгради нов објект во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, а и се изгради компетно нова градинка во населбата Бардовце. Досега, како што рече, преку тие две градинки се отворија нови 173 места за сместување на деца во предучилишна возраст.
-Верувам дека на некој начин оставаме во аманет и на идното општинско раководство, дека грижата за деца и во предучилишна и училишна возраст ќе остане во топ приоритетите на Општината, изјави денеска Богоев по увидот во градежните активности на градинката.