Во голема полициска акција се апсат политичари, бизнисмени и даночни инспектори од ДУИ
Еден од уапсените наводно е и Исмет Гури од ДУИ, заменик-директор на УЈП, кој пред неколку дена доби затворска казна од 3 години и 6 месеци за случајот „Титаник 3“

Министерството за внатрешни работи утрово изврши претреси на повеќе локации во државата, при што има уапсени повеќе лица. Неофицијално меѓу уапсените се членови и високи функционери на владеачката ДУИ, меѓу кои даночни инспектори, политичари и бизнисмени.
Акцијата е на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК). Според неофицијални информации, акцијата се спроведува на повеќе локации во Скопје и околината.Уапсени се тројца вработени во УЈП меѓу кои Гури и неговиот син, а осомничени се вкупно 15 лица и 3 фирми. Станува збор за злоупотреба со финансисксиот инструмент даночен гарант при што е направена штета на буџетот од околу 840 илјади евра. Осомничените се товарат за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба“, „затајување на данок и перење пари“.
Од ОЈОГОКК потврдуваат дека има реализација на акција под раководство на обвинител на ова обвинителство, но засега не даваат дополнителни детали за акцијата која сè уште е во тек.Од МВР велат дека се работи за организирана криминална група.
Инаку, Исмет Гури немал никаква функција во владејачката ДУИ, а пред два-три месеци бил разрешен од функцијата заменик управник во Регионалната дирекција Скопје. Официјално нема потврда дали е дел од „Огнената група“ предводена од Изет Меџити. Акцијата го отвора прашањето дали шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази кој се поврзуваше се ДУИ почнал битка против нив или пак сепак се работи за припадник на „Огнените“. Меџити деновиве почна постапка за формирање на ново политичко движење, кое во суштина ќе биде класична политичка партија.