Во ѓубре на паркинг во Германија најдени вредни слики од пред 350 години


 

Во контејнерите на паркинг во Германија еден маж нашол две многу вредни слики малсо на платно, стари 350 години.

Сликите се најдени на постојката на патот А7, во близина на градот Нуремберг, на југот на земјата, јави во петокот германската полиција.

Маѓот фи зел сликите и ги однел во полицијата во Келн.

„Првите проценки на стручњаците укажуваат дека двете слики може да се оригинали“, објавија истражителите.

Едната слика може да е „Портрет на момче“ на Семјуел ван Хогстратен, холандски сликар од 17 век кој бил ученик на Ремрант.

Другата најверојатно е „Автопортрет на уметникот како насмевка“ на италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот век.

Властите сега се обидуваат да откријат како двете дела се нашле во ѓубрето.

Полицијата ги објави сликите на интернет, со прашање: „Кој ги препознава овие слики и знае ли како завршиле во ѓубре на паркиралиштето?“