Во Ѓорче Петров и во Бутел се чистеа улиците од снег


Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи информираше дека од раните утрински часови оштинскиот кризен штаб е на терен и ја следи ситуацијата со снежните врнежи.

„Службите се на терен и расчистени се наноси на снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен.  Во текот на денот дежурни екипи од општинскиот кризен штаб и комуналното одделение заедно со потребната механизација ќе бидат поставени на најкритичните места доколу дојде до поголеми наноси на снег.

Апелираме до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот. Сите улици се проодни и во возна состојба. Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација“, напиша Костовски.

Екипите на општина Ѓоре Петров на терен

По врнежите од снег екипите на општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се ангажирани за расчистување на патиштата напиша градоначалникот Александар Стојкоски на социјалните мрежи.

„Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково, Грачани. Со брза и навремена реакција, нашите служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните.Вашата безбедност и удобност се наш приоритет!

Будно ги следиме условите на терен и веднаш делуваме! Ви благодариме за вашата трпеливост и поддршка. Заедно продолжуваме да ја правиме нашата општина подобро место за живеење“, напиша Стојкоски.